Ракометниот суд на ЕХФ го казни полскиот шампион Киелце, поради навредливиот банер на неговите навивачи на средбата со Вардар од 16 ноември.

Тогаш навивачите поставија плакат со навредлива содржина на адреса на Тимур Дибиров.

Судот заклучи дека банерот има директна и навредлива содржина за вардаровиот ракометар, а навивачите тоа го направија за да му се одмаздат на Дибиров за неспортскиот гест од минатата година.

Киелце е казнет со 15000 евра, од кои 7000 евра се условни, со временски рок од две години.

Исто така, судот најави уште пожестоки мерки, ако продолжат неспортските испади на средбите меѓу Вардар и Киелце.

Минатата година и вардаровите навивачи со банер го навредија тренерот на Киелце, Талант Душебаев.