Ракометниот клуб Еурофарм Пелистер 2, полека но сигурно го склопува ростерот за следната сезона. Клубот ќе се натпреварува во Суперлигата што само по себе тоа значи дека амбициите се зголемуваат. Битолчани денеска ги продолжи договорите со некои од ракометарите кои го понесоа товарот во сезоната 2019/20.

Младиот Иван Димитровски потпиша двегодишен, додека Стефан Дрогришки и Стефан Талевски едногодишен договор со Еурофарм Пелистер 2 и се очекува да бидат носители на играта на Битолчани.

Во периодот кој што следи клубот ќе го претстави комплетниот проект, останатите засилувања и стручниот штаб за сезоната 2020/21.