Официјален ростер за сезоната во сите натпреварувања и натпреварувачки броеви на дресовите, вака Еурофарм Пелистер го најави тимот за новата сезона во која очекува да се бори за врвот во македонскиот ракомет но и на меѓународен план.

Битолчани имаат добар избор на сите позиции во тимот, имаат ростер од вкупно 20 играчи, ова е екипата од која се очекува вицешампионот на Македонија во новата сезона да игра на „резултат“ и да го нападне Вардар.