Вицешампионот на Македонија Еурофарм Пелистер продолжува со играњето на пријателски натпревари во рамките на подготовките за продолжението на сезоната.

По двете победи против прволигашот КЛ7 и поразот против Вардар, Еурофарм Пелистер замина на мини-подготовки во Врбас, Србија.

Денеска битолчани ја одиграа и првата пријателска средба во која го совладаа шампионот на Србија и СЕХА-лигаш Војводина, со резултат 27:23 (15:11).

Следен противник на Еурофарм Пелистер ќе биде екипата на Спартак од Суботица.