Еурофарм Пелистер го доживеа и вториот пораз во ракометната Лига на Европа , откако вечерва во својот трет натпревар во групната фаза загуби на гостувањето во Германија против Рајн Некар со 28-20.

Разликата од крајот на мечот можеби е висока, но македонскиот тим пружи достоен отпор и добро се држеше против фаворитот во две третини од мечот.

Двете екипи играа гол за гол во воведните 10 минути, по што германскиот тим со мини серија се одлепи на 8-5, одржувајќи ја предноста од три гола на полувреме.

Во второто полувреме македонскиот тим сигна до надежни минус два (17-15( во 40 минита, по што уследи пад во играта и Рајн  Некар со серија од 5-0 се одлепи на недостижни 22-15.

Најефикасен во редовите на Еурофарм Пелистер беше Периќ со пет погодоци.

Еурофарм Пелистер има скор од едно реми и два порази по воведните три кола, а следен противник идниот вторник ќе му боде словенечки Требње.