Еурофарм не успеа да слави во Швајцарија и да дојде до втората позиција во групата од Лигата на Европа, тие продолжуваат во наредната фаза, но од четвратата позиција и самото тоа да се стигне до успех е биде многу потешко.

Кадетен Шафхаузен беа подобри со 29:26, во меч каде на битолчани им фалеа неколку играчи, меѓу кои и голманот Хендави.

Кај домаќините кои славеа најдобри беа Барток со седум гола, четири гола имаше Шмит, додека пак по три постигнаа Чазар, Фримел, Гербл и Шмит. Два гола постигнаа Маркос и Тоинец, по еден Шопер и Шешум.

Кај битолчани најдобар беше Периќ со седум гола, шест имаше Граџан, по два имаа Мараш, Марковски, Ојлески, Радовиќ и Велковски, по еден пак имаа Костески, Мандалиниќ и Стјепановиќ.

Со оваа победа Еурофарм Пелистер завршија четврти во групата и продолжуваат во наредната фаза.