Ракометот се враќа во Македонија со денешните воведни пресметки од првото коло на традиционалниот турнир во Струга.

Во центарот на вниманието е дуелот на Еурофарм Пелистер и Металург. Битолскиот прволигаш потврди дека на последното тестирање за Ковид-19 нема позитивни случаи.

„Ракометарите на Еурофарм Пелистер и Еурофарм Пелистер 2 се негативни на COVID-19 вирусот, по направените PCR тестови во вчерашниот ден. Еурофарм Пелистер вечерва во 21:15 часот, ќе го одигра првиот натпреварот на СТУШКИОТ турнир, против тимот на Металург.“ – велат од Еурофарм Пелистер.

Од Металург пак се пофалија со утринскиот тренинг пред денешното дерби.

Негативни на најновото тестирање за Ковид-19 се и ракометарите на Охрид кои денеска ќе играат против Бутел Скопје.