Ракометарите на Еурофарм Пелистер го запишаа третиот пораз во четвриот натпревар во Европската лига на ЕФХ откако загубија на гостувањето кај Тримо Требње во Словенија со 28:24.
Домаќинот имаше капацитет за да го контролира натпреварот од првата се до последната минута.
По првото полувреме Требње водеше со 14:12, во вториот дел безмалку идентична слика во која нашиот тим дојде до 19:18 но не успеа да го задржи ритамот.
Томиќ на голот на домаќините запиша 16 интервенции и беше најдобриот поединец на мечот.Во следното коло Еурофарм Пелистер ќе го дочека Тримо Требње во Битола.
Comments are closed for this post.