Еурофарм Пелистер донесе ново име во својот состав, а станува збор за  младиот Дејан Кукуловски, кој минатата сезона го носеше дресот на Вардар.

Кукуловски е ракометар кој ги мина сите младински категории на Вардар, а потекнува од школата од Ресен. Тој беше дел од екипата на Вардар Јуниор минатата сезона, а повремено добиваше шанса и за настап во првиот тим.

Дебитираше за првиот тим на Вардар во СЕХА-лигата пред две години, додека минатата сезона постигна и два гола на натпреварите во Лигата на шампионите.

Кукуловски со битолчани потпиша договор на три сезони.