Ракометарите на Еурофарм Пелистер ја запишаа втората победа во СЕХА лигата откако на домашен терен го совладаа Татран Прешов со убедливи 28:16, и со ова ја забележаа првата победа во третото соочување со тимот од Словачка.

Одличната игра во вториот дел од првото полувреме по кое битолчани водеа со 11:7, и одличниот пристап во одбрана во вториот дел беа пресудни за триумфот од 12 разлика.

Хендави со 14 одбрани на голот на Еурофарм Пелистер беше најдобриот поединец на мечот, Граџан постигна сум гола, Периќ шест а Мараш три гола во победничкиот табор.

Во следното коло од групата А, Еурофарм Пелистер ќе и гостува на Металопластика на 18 март.