По ремито во Лисабон во Лига Европа, ракометарите на Еурофарм Пелистер славеа убедливо против Тиквеш во домашната Суперлига со 25:16.

Кавадарчани немаа сили за посериозно да се справат со предизвикот па по раното водство му дозволија на противникот да го диктира натпреварот.

За ова доказ е резултатот од второто полувреме по кое битолчани водеа со 15:5.


 

Костески со осум гола беше најефикаснен за победникот, кај Тиквеш се издвои Дрогришки со пет голови.