Македонскиот ракометен вицешампион, Еурофарм Работник, утре против Бидасоа од Шпанија ги бара првите бодови во Лигата на шампионите.

Битолскиот тим има два порази од два меча на кои не беше надигран, загуби тесно и сега гледа шанса во Шпанија за први бодови во елитата.

Еурофарм Работник пристигна во Ирун каде денеска ќе одработи еден тренинг, атмосферата во тимот е одлична, средбата утре се игра од 12-10 часот.