Ракометарите на Еурофарм Работник утре ги очекува вториот меч од Лигата на шампиони на гостувањето против шведски Савехоф. Избраниците на Стевче Алушевски утринава имаа тренинг по кој може да се види дека се максимално мотивирани за остварување на позитивен резултат.

Во првото коло македонскиот вицепрвак на домашен терен загуби минимално од Спортинг Лигсабон со 29-30, додека Савехов на гости беше поуспешен од Рихимаен со 25-30.