Ракометарите на Вардар го победија Борац од Бања Лука со 34:30 во воведниот натпревар од контролниот Турнир во Требиње.

Ова беше деби натпревар за Писонеро на клупата на „црвено-црните“. Првото полувреме Вардарци го добија со 18:12 за до крајот да дојдат до победа од четири разлика. Најефикасен за Вардар беше Тимур Дибиров со девет голови, четири постигна новото засилување, Пелко.

Во вториот натпревар, РК Вардар вечерва ќе игра против Леотар. Црвено-црните веќе десетина дена ги одработуваат подготовките во Требиње, Босна и Херцеговина пред почетокот на новата сезона.