Хаосот во Вардар достигнува ниво на катастрофа,

Финансиската ситуација директно влијае на резултатите и на климата во екипата на европскиот и македонски шампион и скоро секојдневно дознаваме дека некој од вардаровите најдобри ракометари ги пакува куферите.

Кристопанс, кој во моментот е и најдобриот ракометар на Вардар дефинитивно заминува во Фуксе Берлин, а германскиот бундеслигаш веќе и му посака добредојде на својот официјален фејсбук-профил. Кристопанс тука ќе ја доврши сезоната, пред да премине во ПСЖ, со кој од поодамна има потпишано договор.

На излезна врата е и рускиот репрезентативец Павел Атман, кој се сели во Спартак Москва, но и од лични причини (бременост на сопругата).

Претходно и Дисингер најави дека само чудо ќе го задржи во Скопје.