Големото ракометно македонско дерби ќе имаме можност да го гледаме во финалето на Купот на Макеоднија. Откако успеаја да победат против Бутел, Еурофарм Пелистер ќе игра против Вардар во финалето.

Еурофарм Пелистер успеа со убедливи 15 разлика да победат против Бутел Скопје, односно со вкупни 38:23.

На полувремето битолчани имаа предност со 16:9.

Во финалето ќе играат Вардар и Еурофарм Пелистер, откако двократниот еворпски првак денеска го доби дуелот со Металург, со 27: 22.