Дрскиот испад на поранешниот квотербек на Чикаго Беарс, Џеј Катлер, кој смета дека на 36 години ќе може да се префрли на ракометот и да освои олимписко злато, е забележан и од европската куќа на ракометот.

ЕХФ го прифати предизвикот и почна да ја составува екипата која ќе му се спротистави на Катлер на патот до златото.

Кој сака да игра против Катлер и неговата дружината во меч за олимписки медал?“ – праша ЕХФ на својот твитер профил.

Многу НБА ѕвезди, како Лука Дончиќ и Јусуф Нуркиќ, застанаа во одбрана на спортот популарен во Европа. Истото го сторија и Никола Карабатиќ, Ласе Сван и Каспер Мортенсен, кои се најдоа во селекцијата на ЕХФ.