Ракометарите на Бутел Скопје ги стартуваа подготовките за пролетниот дел од сезоната и го одржаа првиот тренинг во салата „Антон Димитров“, под водство на Дарко Јанев.

Првиот стратег Кристијан Грчевски ќе се приклучи в сабота, а засилувањето Сергеј Сулима од Украина ќе дојде на 1 февруари.

РК Бутел е моментално третопласирана екипа во првенството на Македонија, со сигурно учество во плејофот на првенството.

Фото: РК Бутел Скопје