Јапонија убелдиво ја порази ракометната репрезентација на Македонија на Мундијалот во Скопје со  22-31. Во ниту еден момент не покажавме дека сме сериозен конкурент на овој меч.

Јапонија убедливо го отвори мечот со серија од 6-0, првиот гол Македонија го постигна дури во деветата минута од средбата. Првото поливреме го завршивме со негатива од 4 гола разлика, односно 11-15.

Сличен развој на настаните и во вториот дел, во ниту еден момент не успеавме да се доближиме резултатски и средбата ја завршивме со убедлив пораз од девет голови разлика односно 22-31.

И покрај поразот Македонија е во осминафиналето на Мундијалот за играчи до 19 години што беше примарна цел, противник е селекцијата на Португалија.