Голманот на РК Вардар, Калифа Гедбан од денеска и официјално е нов голман на Адемар Леон. Алжирецот е е уште еден во низата ракометари кои го напуштија Вардар, а со шпанскиот клуб потпиша договор на две години.

Ова за него е враќање во шпанскиот ракомет, бидејќи пред Вардар играше за Анхел Хименез Пуенте Хенил. Претходно бродот на „црвено-црните“ го напуштија и Даинис Криштопанс и Павел Атман поради лошата финансиска ситуација, што владее во клубот.

Вардар пред неколку дена најде замена за Гебдан во името на репрезентативниот голман Борко Ристовски, кој се врати во составот на европскиот шампион и ќе биде дел до крајот на сезоната.