Зоран Кастратовиќ е нов тренер на РК Металург, го одржа првиот тренинг со екипата која ја очекува двомеч со Горење во ЕХФ Купот за влез во фазата по групи.

Металург има квалитетен состав смета Кастратовиќ, шансите да се елиминира Горење се реални е ставот на новиот предводник на клубот од Автокоманда.

Првата средба ќе се игра во Велење, на 16/17 ноември, додека реваншот една недела подоцна во Скопје.