Полскиот првак Киелце објави попладнево, два дена по триумфот на Вардар 1961 во ЛШ, дека оди во самозилација откако добиле информација дека македoнскиот првак имал четворица позитивни ракометари на коронавирус на пресметката во Полска.

Од македoнскиот првак се уште нема официјално соопштение по повод информацијата објавена на официјалниот сајт на Киелце.

Со одлука на Суперлигата, нашиот следен натпревар кој беше закажан за утре во домашното првенство нема да се одигра. Келце доби информација за четири позитивни играчи на коронавирус во редовите на Вардар, кои во средата, на 25 ноември, играа во салата „Легионов. Целата екипа на Киелце оди во самоизолација и ќе остане до први декември. На тој ден, цел тим ќе оди на тестирање. Доколку тестовите се негативни, тимот ќе го одигра мечот против ПСЖ во Лигата на шампионите“, се наведува во официјалното соопштение на Киелце.