Ракометниот клуб на Порто чиј член е нашиот репрезентативец Никола Митревски, нема да ги одигра последните два меча во Лигата на шампионите, сите во клубот се во шок, голманот Алфредо Кинтана во понеделникот доживеа срцев удар на тренингот и се наоѓа во тешка здравствена состојба во болницата од каде нема детали за состојбата на голманот.

Порто го одложи натпреварот со Мешков, а го одложи и дуелот со од последното коло на 4. март каде требаше да играат со Елверум во Норвешка.

Поддршка за голманот на Порто стигнува од сите страни, А и Б тимот на фудбалскиот клуб на симболичен начин упатија порака во борбата за живот.