Капитенот на македонската репрезентација, Кире Лазаров, во паузата меѓу натпреварите се релаксираше со своите соиграчи играјќи голф.

Екипата на Нант, растргната меѓу обврските во француското првенство и во ЕХФ купот, се ослободува од стресот и со вакви слободни активности.

Веќе денеска Нант треба да одигра гостински натпревар со незгодниот Ст.Рафаел, кој мора да го добие ако сака да остане во трка за второто место и Лигата на шампионите. На девет кола до крајот, Нант безнадежно заостанува зад ПСЖ, но има и само бод повеќе од Ним.