Вардар утре од 20-45 часот го пречекува тимот на Мешков Брест, второ коло во ЕХФ Лигата на шампионите, по нерешените 27-27 со Елверум на гости, црвено-црните сакаат прва победа во елитното натпреварување.

Мешков во првото коло загуби од Кил со 33-30, Вардар е мал фаворит на утрешната средба, а особено важно е што ќе играат пред публика, во ограничен број, но Комити се мобилизираат, повикуваат да се даде силна поддршка на македонскиот шампион.