Како одговорен клуб, РК Охрид потврди дека има нови позитивни играчина Ковид-19, клубот информираше дека имаат вкупно шест заразени лица.

После појавување на вирусот ковид -19 во Ракометниот клуб Охрид, ракометарите, стручниот штаб и логистиката беа PCR тестирани. Резултатите се вкупно шест заразени лица во нашиот клуб, вклучувајќи ги и првите два случаи. Пет од нив се ракометари, додека шестиот е член на управата. Лицата позитивни на ковид -19 се во изолација, со благи симптоми, лесна клиничка слика и добра здравствена состојба. Ние како клуб ќе се придржуваме до сите протоколи и решенија за изолација и понатамошните насоки од Ракометната федерација на Македонија. Апелираме уште еднаш до сите ракометните клубови и останатите спортски колективи да ги почитуваат мерките и протоколите, подготвени од надлежните институции“ – се вели во соопштението на РК Охрид.