Ракометарките на Куманово успеаја да стигнат до својот втор трофеј во Купот на Македонија откако победија со осум разлика против младите ракометарки на Вардар, конечниот резултат беше 26:18.

Доколку се гледа првото полувреме ништо не одеше на тоа дека Куманово толку убедливо ќе победи на крајот. На пауза се замина со три разлика за кумановски, односно 12:9, иако во неколку наврати вардарки имаа и предност.

Во второто полувреме Куманово далеку поконкретно стигна до големата победа за трофеј во Купот.