Селекторот на машката сениорска репрезентација, Кире Лазаров, го објави поширокиот список пред последните два натпревари од квалификациите за Европското првенство.

Селекторот Лазаров ќе мора да одбере 16 ракометари од поширокиот список кој брои 35 кој ќе настапат на престојните два квалификациски натпревари.

Нови имиња се голманот Васил Гогов од Работнички, крилото Дарко Кондев од Тиквеш, пивотот Марко Стојковиќ, како и бековите Давид Савревски, Павле Атанасијевиќ и Марко Митев.

Од стандардните репрезентативци ,ќе го нема Марио Танкоски, а ги нема ниту Градимир Чаневски, Мартин Карапалевски, Мартин Ивановски, Томче Стојановски и Никола Цветаноски.