Кирил Лазаров го објави списокот на ракометари за ЕХФ неделата во месец ноември.

Во рамки на ЕХФ неделата од 01.11 до 07.11.2021 година, машката сениорска репрезентација на Македонија ќе одигра два пријателски натпревари против репрезентацијата на Египет. Натпреварите ќе се одиграат во Каиро на 05.11 и 06.11.2021.

Собирот е закажан на ден 31.10.2021 година со почеток во 14:00 часот во Хотел Александар Палас во Скопје, објавија од РФМ.