Поранешниот предводник на РК Металург и поранешен селектор на нашата сениорска машка ракометна репрезентација, Лино Червар будно ги следи натпреварите од Мундијалот за играчи до 19 години кој се одржува во Скопје.

На трибините во СЦ „Јане Сандански“ ги забележивме и Индира Кастратовиќ, поранешниот тренер на ЖРК Вардар и нејзиниот сопруг, Зоран Кастратовиќ кој своевремено беше на клупата на РК Вардар.

Познатите тренерски имиња во домот на Вардар и на МЗТ Скопје Аеродром го следеа дуелот на Норвешка и Хрватска.

Македонската репрезентација натпреварите од овој Мундијал ќе ги игра во СЦ„Борис Трајковски“, првиот предизвик ќе го има денеска против Аргентина од 20-30 часот.