Без Македонците нема забава, ниту читаност на медиумите. Вака специјализираниот портал за ракомет, Балкан хендбол ги опишува македонските навивачи и обожаватели на ракометот.

Според статистиката на порталот, Македонците се најбројната публика (минатата година со 500.000 посети). Од Балкан хендбол се прашуваат какви би биле бројките доколку македонската репрезентација се пласираше во следната фаза од Европското првенство.

Нивните податоци говорат дека денот со најмногу посети на овој сајт бил оној по победата на Македонија над Украина во првото коло на 11 јануари.