Македонската машка ракометна кадетска репрезентација ја запиша првата победа на Светското првенство кое се одржува во Скопје откако ја совлада Нигерија со 37:34.

По првото полувреме, нашите репрезентативци водеа со 18:16 а во вториот дел ја одржуваа и ја зголемија оваа предност за конечна победа од три разлика.

Избраниците на Данило Брестовац добро се испотија за да ја победат селекцијата која важеше за тотален аутсајдер пред почетокот на мечот.

Најефикасен во нашиот тим беше, Ненад Костески со 13 гола, 10 постигна Мартин Серафимов.

Во следното коло, нашата репрезентација ќе игра против Бахреин, натпреварот е закажан за утре со почеток од 20:30 часот а ќе се игра во СЦ „Борис Трајковски“.