Избраничките на Симе Симовски немаа сили до крај да и се спротистават на Чешка во второто коло од групата 5 во главната фаза квалификации за пласман на ЕП 2021.

Македонија загуби со 37:29 иако воведниот дел од мечот најавуваше поинаква разврска во СЦ „Борис Трајковски“ во Скопје.

Во првото полувреме нашите репрезентативки одиграа рамноправно и на пауза резултатот беше 14:14.

Во вториот дел, Чешка ја подигна играта, па со неколку серии од 3:0 успеа да ја зголеми предноста од плус шест за водство од 28:22, тука стана јасно кој на крајот ќе се радува на победата.

Најефикасна во нашиот тим беше Ливриниќ со 12 гол, Ѓорѓиевска постина пет гола.

Во воведното коло нашата репрезентација загуби од Шведска со 35:26 а во третото коло ќе и гостува на Португалија на 25 март следната година.