Македонската машка ракометна репрезентација го освои 13 место на Светското првенство за играчи до 19 години.

Нашите ракометари ја победија Аргентина со 29:26 и со ова се реваншираа за болниот пораз од воведното коло од групната фаза на Муднијалот.

Фуриозната игра во првото полувреме и разликата од седум гола беше доволна за конечен триумф од плус три гола. Кристијан Симоноски со девет гола беше најефикасен во нашиот тим, Младеновиќ постигна шест.

Македонија на ова Светско првенство одигра седум натпревари, во групната фаза ги победи Бахреин и Нигерија а загуби од Аргентина, Данска и Јапонија.

Во осминафиналето избраниците на Данило Брестовац беа поразени од Португалија со 29:25.