Ракометна  репрезентација на Македонија за играчи до 19 години со пораз ги започна натпреварите на Мундијалот во Скопје, загубивме од Аргентина со 20-23.

Нашиот национален тим имаше водоство во текот на целиот натпревар но потклекна во финишот , Аргентина изненади, Македонија грешеше и промашуваше, поразот беше неминовност.

Почетокот најави дека ќе дојдеме до победа, водевме во текот на целтото порво полувреме и првите 30 минути ги завршивме со 13-9.

Во второто полувреме стигнавме до 15-10, се очекувапе лесна победа, но финишот донесе многу грешки кои Аргентина ги казни , поведе со 17-18 во 56 минута, за на крај да запише победа со 20-23 иако имаше неколку изрмнувања во последните 3 минути.

Костески со шест  од шест обида најефикасен во нашиот тим, Серафимов постигна четири голови, Младеновиќ мечот  го заврши со три гола.

Во второто коло, задутре , Македонија се среќава со Нигерија.