Македонската ракометна репрезентација ќе се најде во третиот шешир при ждрепката на групите за ЕП 2022, откако „црвено-жолтите“ како второпласирани ги минаа квалификациите и обезбедија учество на уште едно големо натпреварување.

Освен нашата репрезентација во третиот шешир се сместени и и Франција, Чешка, Исланд, Белорусија и Словачка, репрезентации со кој нема да можеме да се сретнеме на ЕВРО 2022.

Според шеширите во првиот се носителите Хрватска, Шпанија, Словенија, Германија, Португалија и Норвешка. Од нив Хрватска е во групата А во Сегед, Словенија во Дебрецин во Групата Ц, а Германија во групата Д во Братислава.