Ракометната репрезентација на Македнија до 19 годни го победи Бахреин со 27-25 на Мундијалот во Скопје што е втора победа за нашиот национален тим.

 

Мечот имаше драматична завршница откако во текот на претходните 50 минути имавме солидна разлика но повторно огормен пад  во играта и победа на „мускули“.

Македонија имаше водство најчесто од 3 гола разлика, во финишот Бахреин израмни на 23-23, влеговме во драматична завршница од која излеговме како победници. Со оваа победа нашиот тим обезбеди пласман во осминафиналето.

Мартин Серафимов со 10 гола  и Ненад Костески со 7 голови најефикасни на мечот. Македонија до крајот на натпреварите во групната фаза ќе игра против Јапонија  и Данска.