Селекторот на македонската ракометна репрезентација ги одрба 16-те ракометари со кои ќе оди на победа на гостувањето кај Финска, во рамки на квалификациите за Европското првенство.

Во составот најголем број се познати искусни имиња, но и играчи на кои ќе се гради иднината на македонскиот национален тим.

Селекторот Лазаров ќе ја напаѓа Финска со самиот себе на десен бек, а меѓу најискусните тука е и Филип Миркуловски. Тие ќе имаат помош од Никола Митревски, Дејан Манасков, Мартин Велковски, Стојанче Стоилов, Игор Ѓоргиев, Филип Талески, Мартин Томовски, Никола Марковски, Филип Кузмановски, Гоце Георгиевски, Жарко Пешевски, Бојан Маџовски, Мартин Серафимов и Марко Мишевски.