Ракометната репрезентација на Македонија загуби од Египет со 25-32 на првиот пријателски натпревар одигран во Каиро.

Македонската ракометна репрезентација сосема солидно се спротистави на фаворитот во овој пријателски натпревар односно 40 минути беше рамо до рамо со противникот.

Домаќинот ја стекна одлучувачката предност од 23-18 по низа грешки на избраниците на селекторот Кирил Лазаров кон средината на второто полувреме, откако претходно двете селекции играа рамноправно.

Филип Талески беше најпрецизен кај Македонија со шест погодоци, додека голманот Никола Митревски забележа 11 одбрани.

Утре во ист термин двете репрезентации ќе одиграа уште еден пријателски натпревар во Каиро.