Македонската ракометна репрезентација е во негатива од четири гола 13:9 по првото полувреме против Словенија во воведното коло од главната фаза во групата 4 на Светското првенство во Египет.

Избраниците на Данило Брестовац играа солидно во првиот дел од полувремето, имаа  водство од 6:4, по што Словенците се консолидираа израмнија и направија пресврт, поведоа со 7:6.

До крајот на првиот дел се играше гол за гол, Македонија повторно израмни но Словенија на полувреме замина со предност од плус четири гола.


Кирил Лазаров и Филип Талески постигнаа по три гола за Македонија во првото полувреме, по еден гол имаат Димитриоски, Кузмановски и Стоилов.