Хрватскиот интернационалец, Матео Мараш денеска го продолжи договорот со Еурофарм Пелистер до јуни 2023 година.

Десниот бек успеа да ги убеди „фармацефтите“ во своите квалитети и да се избори за продолжување на соработката.

„Еурофарм Пелистер и ракометарот Матео Мараш ја продолжија соработката за уште две сезони и хрватскиот десен бек се обврза на нов договор, заклучно до јуни 2023 година. 20-годишниот сплиќанец дојде минатото лето на позајмица во Битола, а на обострано задоволство потпишан е нов договор. Со овој потег продолжува тенденцијата на Еурофарм Пелистер, започната во јануари, со продолжувањето на договорот со Мандалиниќ и во февруари со тренерот Жељко Бабиќ.“ – информираа од битолскиот прволигаш.