Ракометарите на Металург предводени од Зоран Кастратовиќ, подгтовките за новата сезона ги продолжија во Маврово.

Тимот и стручниот штаб имаа  можност да го одржат првиот тренинг и да ги видат условите за работа.

Металург со ова го фаќа ритамот на подготовките пред настапот на турнирот во Струга но и во европските натпреварувања каде ќе се сретне со  Спачва од Винковци на 29/30 август и 5/6 септември.