Во пријателски натпревар, ракометарите на Металург славеа убедлива победа против градскиот ривал Тинекс Пролет.

Средбата се одигра во Автокоманда и заврши со резултат 39:27 (21:15).

Металург имаше повеќе од играта и водеше во сите 60 минути. Момците на Зоран Кастратовиќ добро ја отворија средбата и поведоа со 6:1, а таа разлика ја задржаа во текот на целото прво полувреме.

Во вториот дел најпрво Тинекс Пролет се закани и намали на само два гола разлика, 26:24 и 27:25, но потоа следуваше вистинска голеада на ракометарите на Металург, кои средбата ја завршија со дури 12 голови разлика.

Најдобар на теренот беше левото крило на Металург, Милан Поповиќ, кој постигнал 11 гола.

Фото: РК Металург