Металург со реми ги заврши настапите во Лигата на Европа. Иако во текот на речиси цел натпревар тимот од Автокоманда имаше предност, на крајот сепак мора да се задоволи со реми на мечот со Адемар Леон.

До 50-тата минута или во најголем дел од времето предноста ја имаа скопјани, додека понекогаш до реми резултат успеаваа да дојдат Шпанците.

Сепак шпанскиот тим стисна гас последните 10 минути и му ја земаа победата на Металург, мечот заврши со резултат 27:27.

Најдобар во тимот на Металург беше нашиот репрезентативец Мартин Серафимов со 7 гол, со по 4 голови го следа Калуѓеровиќ и Тарабокија, 3 имаше Хорват, по два Додиќ, Рниќ и Поповиќ, по еден гол имаа Шилегов и Митиќ. Дупјачанец од голот помогна со 12 интервенции.

Најдобар кај гостите беше Перез со седум гола, додека по него со по четири беа Фернандез и Феухтман.

Со овој бод Металург го завршува настапот во второто по ранг европско клупско натпреварување последното место во групата А со четири бода.