Металург замина за Белград од каде има лет за Париз, а потоа и локален за Тулуз, македонскиот тим утре го игра мечот од Европа лигата.

Во попладневните часови Металург ќе го одржи единствениот тренинг во “Палатата на спортовите“ во Тулуз, каде утре ќе се одигра натпреварот од првото коло на групната фаза на Лига Европа. Оваа средба е закажана со почеток во 18-45 часот, до измена на терминот дојде поради полицискиот час во Франција, првично требаше да се игра од 20-45 часот.

Средбата ќе ја судат Романците Пирву Михаи и Потирниш Раду, додека делегат ќе биде Дибеду Жан-Филип од Франција.

ФОТО: РКМЕТАЛУРГ.МК