Филип Миркуловски остана во Германија за време на пандемијата коронавирус, а неговиот тим Вецлар постојано ги забавува фановите. Последен во низата ракометари кои даваат поддршка во овие тешки времиња е и некогашниот македонски репрезентивец.

„Спортот е вистински баланс во овие тешки денови. Чувајте се ментално и физички, излезете здрави од корона кризата“-порача популарниот Жути.