Бразилскиот репрезентативец Рожерио Мораес вчера имаше емотивно враќање во Скопје, каде мина три сезони во македонскиот првак Вардар.

Ракометарот со Вардар освои две титулу во Лигата на шампиони, а синоќа со Веспрем се радувапе на висока победа.

На полувремето доби специјален дрес, со кој раководството му се заблагодари за придонесот во Вардар, а поради овој потег, Бразилецот се огласи на социјалните мрежи.

 

„Ви благодарам за одличниот пречек Македонци, пријатели и фанови. Засекогаш ќе останете во моето срце“, порача Мораес.