Претседателот на РФМ, Живко Мукаетов и капитенот на нашата сениорска репрезентација, Кирил Лазаров го проследија во живо мечот на Македонија и Нигерија од 2 коло од кадетскиот Мундијал во „Борис Трајковски“.

Кадетите предводени од Брестовац победија со три разлика но не импресионираа со играта а тоа го забележија сите присутни на трибините во СЦ „Борист Трајковски“.

Поддршката на овие млади момчиња им е потребна и сигурно утре против Бахреин ќе има повеќе публика но и наши познати спортисти и спортски работници.