Најдобрите македонски судии, Ѓорѓи Начевски и Славе Николов денеска на Мундијалот ќе го судат мечот меѓу Норвешка и Исланд.

За нашите најдобри судии ова е шести меч на Мундијалот во Египет и шесто светско првенство во кариерата.

Норвешка-Исланд е натпревар од групата 3 во главната рунда на Мундијалот. Норвешка е втора со 6 бода зад Франција која има 8, на третото место е Португалија исто така со 6 бода, Исланд има само 2.

Дуелот кој го судат Начевски и Николов започнува од 18 часот.