Европската ракометна федерација го објави списокот на 23 судии кои ќе бидат дел од Европското првенство во јануари следната година.

Меѓу повиканите се и нашите најдобри ракометни арбитри, Славе Николов и Ѓорѓи Начевски. Ова за нив ќе биде уште една прекрасна можност за докажување пред публиката од стариот континет и продолжување на традицијата да бидат дел од големите континентални и планетарни ракометни собири.

На следното ЕП е зголемен бројот на учесници па покрај Македонија ќе гледаме уште 23 репрезентации. На предходните собири на „стариот континент“ учествуваа по 16 репрезентации.